Добредојдовте

Дакалифт Груп

Одржување, сервис, ремонт и модернизација на сите видови лифтови и платформи.

За нас

ДАКАЛИФТ ГРУП е компанија основана во јануари 2003 година. Се занимаваме со редовно одржување и сервис на сите видови лифтови и платформи. Исто така вршиме ремонт и модернизација на веќе постоечки лифтови.

Лифтови за кои имаме склучено договори за редовно месечно одржување најголем дел се од производителите DAVID PAJIC DAKA,KLEEMANN,RADE KONCAR и други производители од Турција и Грција.

Услуги

РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ

Редовно месечно одржување на лифтови е обврска на сопственикот на лифтот и се врши најмалку еднаш месечно во согласност со важечките прописи.

Под редовно месечно одржување се подразбира:

  • • Преглед на постројката и нејзина работа според упатството
  • • Проверка на правилна работа на сите сигурносни уреди и ел.сигурносни кругови.
  • • Проверка на носечките јажиња или вериги и нивната поврзаност со останати елементи
  • • Проверка на влечењето што се остварува со триење, доколку е соодветно
  • • Проверка на хидрауличната инсталација, доколку е соодветно
  • • Проверка на изолацијата од сите струјни кола, нивната врска со заземјувањето
  • • Проверка на приклучоците за громобранска инсталација
  • • Чистење и подмачкување на деловите од лифтот
  • • Проверка на исправноста на работата на лифтот при движење во двете насоки како и при застанувањето
  • • Проверка на излезите за итна интервенција, доколку е соодветно
  • • Преглед на исправноста на погонските уреди, управувачките уреди и на елементите за пренос на силина
  • • Проверка на интегритетот на механичката заштита од електричните склопки и разводни кутии
  • • Чистење на просториите кои припаѓаат на техничката опрема, а не се за секого достапни
  • • Остранување на утврдени недостатоци и замена на неисправни и оштетени делови

ПОПРАВКА,ЗАМЕНА НА ДЕЛОВИ И СПАСУВАЧКИ ОПЕРАЦИИ

  • • Вршиме отклонување на застои на лифтот и мали поправки на повик од корисникот. Ова се подразбира за оние поправки на лифтот кои сервисерот може да ги изврши во редовно работно време без ангажирање на материјали, делови и склопови
  • • Потребната замена на делови од лифтот се врши врз база на претходно одобрение од страна на нарачателот
  • • Спасувачки операции (ослободување на патници од заглавен лифт) доколку од разни причини спасувачката операција не ја извршиле обучените лица од објектот

РЕМОНТ И МОДЕРНИЗАЦИЈА

Вршиме ремонт и модернизација на веќе постоечки лифтови во зависност од условите на објектот сè со цел подобрување на функционалноста, ускладување со новите прописи и заради подобрување на естетиката.

Контакт

 Сопственик:

Дејан Илиевски

 Мејл:

dakaliftgrup@t.mk

 Адреса:

бул. „Зта Македонска Бригада“ - бб

 Работно време:

Понеделник - Петок
8.00 - 16.00